исчисти св.

исчисти (св.)

Опасноста што го загрозува нашиот народ и неговите интереси од страна на пропагандите, коишто ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да го исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите духовни интереси и да ги насадат на нивно место нивните јазици со нивните духовни интереси не само што нѐ задолжува нас, но и ни дава полно право да ги употребиме сите и дозволени и недозволени средства за да го зачуваме нашиот народен јазик и со него нашите народни интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
НАЦА: Сум ги исчистила, чорбаџи, еве ги.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Ќе ве искривам јас сите, туку сега немам време! Бргу да ми ги исчистиш чевлите!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: (Влегува.) Сѐ сум исчистила, ни мравка трошичка не може да најде.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Хегел, се разбира, мораше да биде исчистен од својата метафизика, мораше безусловно да биде отфрлена неговата некритичка доверба во рационалистичкото умување — и дури тогаш можеше да се создаде вистински дијалектички метод што го овозможува спознавањето на природата и општествената стварност.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Подзапре малку и чистејќи ги ноктите со врвот од перцето неочекувано праша: - А јас да сум Херкул и да го навртам Вардар кон училницава, ќе ја исчистам ли, придавки?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- ... Херкул ја навртел реката кон шталите на Аугиј и ги исчистил...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Придавки, историјата се повторува. Херкул исчистил две училишни штали.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Ами снага? — Исправена како пушка, гради истурени напред, стегната половина, долги нозе, обли раце, чисти нокти, измиена, исчистана, како за пред човека, што би рекле мариовци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Небото се исчисти и се облече во чиста проѕирна сина облека.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
После тие ги тресеа со метлата и своите ќуркови, во чија волна на јаките снегот беше така впиен, што можеше да биде исчистен само кога ќе се стопи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сети како по лицето му се прелеа една насмевка, која што не беше во состојба да си ја исчисти ни во своите очи од таа притаеност, кога го здогледа своето срнче, исправено на оние свои ноженца до самото негово зглавје, сигурно веќе одамна очекувајќи го неговото будење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мајката рече: - Јас го исчистив станот, ги измив садовите, направив салата и ја наместив масата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ве молам бидете внимателни и сериозни. Не заборавајте да си ги исчистите чевлите!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не заборавајте да си ги исчистите чевлите, да си ги исечете ноктите, да си ги исчеткате алиштата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А знаеше дека мора сега, веднаш да го исчисти, зашто како што врне, до пладне може толку да го натрупа, што чистењето да стане невозможно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сиот беше извалкан, правлив, па излезе пред колибата и на наједноставен, и најпогоден начин, валкајќи се целиот низ снегот, си ја исчисти облеката од правот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По дворот околу неа кокошките го оптеретуваа ѓубрето што не беше исчистено откако кацна фронтот горе на Пелистер и во анот муштерии навраќаа од новина на погибел.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- И не го наоѓаш... Што останало од волците, ако останало, го исчистиле орлите...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во тој снежен потоп луѓето најмногу се плашеа од смртта и се плашеа да не им се затрупаат и оџаците со снег па да се задушат, да не може чадот да излегува, да не може воздухот да влезе; кога ќе им се вдадеше, ќе подизлезеа надвор и ќе го исчистеа снегот што ги затвораше прозорците за да влезе во куќата светлина и воздух.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе