истоштувачки прид.

истоштувачки (прид.)

Што му фали на стариот си реков, па потоа се сетив дека целото столетие, што скоро привршуваше и во кое д-р Астерид го напушти стариот континент беше еден век на истоштувачки војни, непријателства, судири, тортури, масовни истребувања и човечки страдања, невидени дотогаш.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Завиткани во крвави, валкани завои, одмораат од истоштувачките деноноќни борби и од долгото ноќно патување растресени на коњските грбови и носилките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)