испраша св.
испраши св.

испраша (св.)

По божиќниот распуст даскалот Бино го испраша Крстета од аз до ижица и се покажа дека овој шебек ја знае целата азбука, го испраша по сметање не само до дваесет ами и педесет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата", си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе те вика чолакот, ќе те испрашува...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја викав постојано, ги испрашував нејзините пријатели, ја ловев по лифтови, ходници и чекални околу канцеларијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да биде сам, да не биде тепан или испрашуван, да има доволно за јадење и да биде сиот чист, му беше сосем доволно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Просторијата во која беше испрашуван од О'Брајан беше високо горе, во близина на покривот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Замолча и за миг одново го доби изгледот на учител кој испрашува ученик што ветува: „Како еден човек ја воспоставува својата власт над друг, Винстоне?“ Винстон размислуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа, тамам малку се олабавив, во деновите пред распустот, оти тогаш наставничката ги испрашува само послабите за да можат да поправат некоја оценка, стигна онаа вест за Ивана.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа ме испрашуваа наизменично, и јас не знам кој за што ме прашуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури вечерта ме испрашуваа и потоа, ноќта, ме одведоа во приземјето на една стара затворска зграда на улицата Хане (тоа го видов дента на излегување), заедно со други истамбулски и светски провалници и пробисвети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„А зошто те викал“, продолжувам да испрашувам. „Донеси еден леѓен топла вода“, вели, „да си ги згреам нозете.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Ја доведовте да ја испрашувате? Грофот молчеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Владе и мене ме најде и ме испрашуваше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)