испади св.
испад м.

испади (св.)

И ја фанал за косите и ја испадил сос детето. И она отишла у еден роднина.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Наеднаш во него зовре гнасењето кон таа кобна муцка и тој сега мораше да стори сѐ, за што имаше сили, само да го испади од тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама еден Германец ги пропцу: кљав, кљув и ги испади.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ништо. Барем не ме искара, не ме испади.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Над Прењес почнува делникот обременет со чемерот на испадените, раскуќените, раздојдените, разнебитените и размеѓените...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Што мислите, момчета, ги прашал со солзи во очите, ќе ги испадиме ли враговите од нашата мила родина?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поза Додека месечината од мракот парампарче прави во нас несвесното е распослано како освојувачот пред Рим кајшто сите патишта водат тој што во тебе бара сличности со историски ликови фрески соѕвездија твој домородец е варварин биди испади го биди на оваа гозба нема ни мудрости ни шлаканици ќе се сликаме голи и гладни додека ги јадеме животот и лебот на љубовта и за твојот и за нивниот мирен сон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)