исклучи (св.)

Но откако ќе се исклучат тие две покраини, сета друга Македонија Србите ја крстат српска, Бугарите -бугарска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овие пропусти на младиов славист главно не ги среќаваме во подоцнежните негови пишувања, ако се исклучат некои од неговите последни статии (1923-1925).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
157. Мисирков ги зема овде само бугарската, српската и грчката националистичка пропаганда, додека романската ја исклучува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но мајка му заборавила да го исклучи шпоретот и лебот изгорел.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Гласот му беше придушен, слоговите со мака се корнеа од грлото: „Ти продолжуваш самиот себе да се исклучуваш од оваа средина. Го знаеш ли тоа:“ „Знам само дека се вклучувам во самиот себе“ , рече Отец Симеон. „Јас не сум акт за канцелариски фијоки.“ „Ќе бидеш избришан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Утредента началникот дополнително прочита: „Заедно со исклучените, како социјалист, се исклучува и јункерот Ѓорѓи Делчев.“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце мирно го ислуша соопштението за исклучувањето, се сврте налевокруг и со светнато лице и радост го напушти јункерското училиште.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Началникот ја извади големата книга за заповеди и почна да чита: - „За пишување на навредливи и анонимни писма, Управата на военото училиште, ги исклучува јункерите...“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Засилувачот силно почнува да брмчи. Борис го исклучува.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Толку засега. (Матеј повторно пушта многу гласна музика. Американецот пуши и чита легнат во вреќата. Мира пишува. Пауза. Борис почнува нешто да пее на цел глас. Матеј одеднаш го исклучува магнетофонот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: (Пауза.) Од шеснаесеттата година. (Пауза) Телефонот го исклучи. Ќе умреме од глад.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ако се исклучат матичните погони на „Бош“ и „Мерцедес“, другата индустрија е ситна и нема претпријатија и фабрики каде што работат стотици и илјади работници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако се исклучи телевизиската кула, нема друг објект што се стреми кон височина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Товарните автомобили идната година веројатно ќе се исклучат од движењето по главните магистрали, ќе се отворат нови паркинг-плацеви, ќе се постават околу 40 нови семафори, а пешакот ќе добие предност пред автомобилот. Барем такви се очекувањата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Читајќи натаму, тој возбудено откри дека писмото му е наменето на оној кого Здружението одамна го прогласи за отпадник и го исклучи од своите редови.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Откако ќе го исклучам телефонот, ќе ми ја пронајде адресата во телефонскиот именик, и ќе ми се нацрта пред станот... ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тука убивањето е внатрешно. Јавноста е исклучена од буричкањето.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Исклучи го светлото и затвори ја чешмата!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе ништо не се слуша, велам, и так, се прекинува врската. Се исклучи телефонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе