индикација ж.

индикација (ж.)

• На што можете да ми укажете во вашиот досегашен живот што би можело да ми даде барем некаква индикација дека за вас постоела и таква можност?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фактот дека coniunctio oppositorum се одвива во главата, Јунг го толкува како индикација за психолошката природа на овој настан.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сепак, индикацијата ESQUIVONS - “да избегаме мудро и со презир” - ќе ја надмудри таа перверзна привлечност, било да е таа телесна или естетска.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И не само што Бојс не оставил никакви индикации за начинот на нивното излагање на плочите, тој исто така ги отфрлил и назнаките кои би можеле да ги идентитикуваат делата и збиднувањата што се претставени.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Времето на изведба не било одредено, но Кејџ го одредил пред да го одржи предавањето, понекогаш така што со помош на операциите на случајноста додавал индикации кога во текот на изведувањето требал да запали цигара.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Компјутерските фонтови се индикации за типот на технолошката сложеност којашто дозволува широк варијетет од форми, величини, дисторзии и типови повишувања.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во централното место на колекцијата беше експонатот за патот на јагулите, од Езерото до Саргаското Море и назад, со макетата на далјанот, со препарираните јагули, фатени на заминување и враќање, со сите показни индикации за нивната миграција.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Според него тоа значело дека „работата на собранието ќе ја следи партиската лиинија и спрема тоа ќе ни даде непристрасна јасна индикација за тоа што е таа“.304
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Има некои индикации што тераат да се претпостави дека Делчев кога бил во Солун да се сретне со Груев имал разговор и со некој од гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имало полно индикации коишто укажувале дека во Солун „нешто“ се подготвувало.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)