илјадарка ж.

илјадарка (ж.)

Под неговите прсти зашушка копнеж, паричка со лик на рудар - ударник. „Силен си, Мироне“, рече Отец Симеон. „Имаш душа мирислива како селска ливада.“ Илјадаркава ќе ти ја вратам кога ќе добијам на лотарија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Со илјадарка на месец - ќе пеам! “ - вели тој.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ратко, откако малку се премисли и заклучи дека би било некорисно да се распрашува, се повлече и брзо се врати со нешто илјадарки. Му ги подаде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Илјадарките не можат без ситните пари.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој од паричникот извади илјадарка, плукна токму таму кајшто беше ликот на кралот, му ја залепи на чело на Дуро, стариот кларинетист и му рече: - Бајрачето, свири го „бајрачето“!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)