илјадапати прил.

илјадапати (прил.)

Проклет да бидам, илјадапати можеби паднав и станав од патот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, илјадапати додека го нашол тоа место.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас сум ви рекол еднаш, а вие да мислите — илјадапати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум ви рекол еднаш, вели, а вие да мислите илјадапати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И стопати речи ми - малечок, кускуле, глушец, мравче - што сакаш речи ми и илјадапати, ама Марко веќе не се тепа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но чудно беше тоа што иако Голдштајн беше омразен и презиран од сите, иако секој ден и тоа по илјадапати на ден, на платформите, на телекранот, во весниците, во книгите, неговите теории беа побивани, уништувани, исмејувани, изложувани на погледот на јавноста како бедна бесмислица - наспроти сето тоа, неговото влијание изгледаше како никогаш да не се намалува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Денес, сето тоа чувство би го доживувал по илјадапати на ден, само да го имам тато, само да може да ги оценува моите усилби, да може да оцени колку ме бива за пејач, поет, драмски писател и раскажувач.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)