издупи св.

издупи (св.)

Се смеев - издупете ја ноќта. Таа сите нас нѐ прави дволични.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веќе се мислам како да му ја расцепам главата на Никифор, со куршуми да му ги издупам ушите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја допира со раката, ја пофаќа, како да си го допира татка си; му се рони, му остануваат ронатинки од молци што ја издупиле оставајќи ѝ рани.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)