изглед (м.)

Одајата е наместена мошне арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма; назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат изглед на плисиран полукруг.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
После, и изгледот му е некако меѓу градски и селски, ако може да има некоја средина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Непријателот здраво се зацврстил и немаше изглед дека бргу ќе го напушти овој Митрев свештен крај, неговите ниви, ливади и куќата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Такво шеќерно старче беше и дедо му на ловецот Капсула, секогаш смело загледано во туѓите очи; ништо не бара во нив, само го огледува своето лице, нема ли на кожата некоја ненужна дамка што би го урнала светечкиот негов изглед пред луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Еве. И другпат подобро чувајте го. Најдобро в џеб. Футролата ви дава опасен изглед.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се фатија некои и раце со раце да се борат; маваа со клоци, со глава по нос, касаа со заби, но напаѓачите беа двојно повеќе и сите вооружени, та никаков изглед за спасување немаше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ИВАН: (Изненаден е од изгледот, уште повеќе од реакцијата на Луков.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
XIV Денеска сокаците селски пак чуден изглед добија: луѓето се возбудија, растрчаа, дошепнуваа ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Шишман со стравопочит веднаш се загледа во строгиот изглед на неговата капа што како добро куче стоеше на масата пред офицерот, поткрената на фурашката како на предните нозе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Имаше празнина во тоа негово создавање ликот на девојчето, па ќе му се обрнеше на Денко со некое заобиколно прашање, сѐ со цел да дознае нешто повеќе за изгледот на Елена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се качи горе во плевната, наполни едно кошниче со јаболка, за да има секогаш при рака, па се прибра во колибата, која сега, по темелното чистење и средување, имаше празничен изглед.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вардар се пази од синџири — аскер, границата е преплетена со жив плет од башибозуци, та изглед за префрлање не можеше да се наѕре за скоро време.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од друга страна пак почнаа да пристигаат лоши гласови и за оваа оаза.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секоја куќа си ја задржала својата посебна боја, својот посебен изглед, фасада, стил, украс.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Постојат реални изгледи ова лето во Варна да не се чека ред за ручек и вечера.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ме привлече рекламата и старинскиот изглед на таканаречениот „диско клуб“, кој го носеше името „Валенхоф ам Рајн“ и во чие Фоаје љубезно пречекува еден атлетски развиен млад човек, кој на секој љубопитен му врачува програма печатена на црно-црвена боја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сиот изглед потсетуваше на модернистичка импровизација а вакво нешто не сретнав на ниедно друго место во Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со душата се менува и надворешниот изглед, сѐ.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Започнуваше да се развиделува, но матно; селото имаше изглед на вештачки декор, на кулиси поставени за драматика, за морници.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе