извиди св.

извиди (св.)

Во тие неколку дни Силјан го испрошетал сето поле Прилепско и извидел секое долче и ритче.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Првата вечер анџак се извиде Суло со пријатели. Дојдоа Колобан, Бино даскалот и поп Трајко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Минаа неколку недели... Гоце во Кукуш се извиде со роднини, пријатели и другари уште од своето детинство.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас, вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали се англиски или грчки,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Извиде сѐ што можеше да се види, ги преврти сите кревети, откорна сѐ што се корнеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се искачив на копата за да извидам дали гори некаде нешто и го здогледав него, уште додека беше таму, зад Зедница.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имајќи го на ум ноќешниот разговор со Лазора Перуноски, дека може Хаџи Ташку и дружината се кријат на чифлигот јали Муслиоски јали Мустафовски, рече Најарно е, Тахир бег, ние првин да извидиме дали ајдути ни се кријат кај некого овдека, во Потковицата, без тој да знае, јали во плевната, јали во копите, зашто и ајдутите не се баш толку мажи па да ајдутуваат по вакво време, и тие носат еден живот, а не повеќе, и нив може да ги замрзне студ јали волци да ги раскинат, а потоа, ако не ги фатиме овдека, ќе тргнеме во потера по нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Извидуваат исто ко луѓе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Според планот за изведување на акцијата се предвидувало: формирање на Главен штаб, да се изврши извидување и собирање на сите релевантни информации, да се пристапи кон обука на сите лица предвидени за акцијата и „истражување на активностите и процената на можностите за кооперација со другите герилски групи во областа“. 63
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)