извеан прид.

извеан (прид.)

Нејзиното плачење го подземаат уште неколку извеани жени, а ние само се довикуваме и ги с'скаме: Дојди, натепај ме, вели една.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нè прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Другарот Корнулов се јави уште еднаш, овој пат со Папокот, шетаа од оган до оган, ги убедуваа луѓето дека одовде никаде поубаво не може да ни биде Гледате колку земја се шири пред вашите очи, знаете колку е богата! и дигајќи го гласот цикна другарот Папок, местејќи си ги окалките над истенчениот нос Тргнавте по еден извеан старец другари, само сте се запрашале ли каде ќе стигнете со неговиот ум?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа јулско пладне, го теглеа сувите коњи од Погребалното ковчегот во кој лежеше Сане Сандин, со мукавни чевли на нозете, со извеан минтан на грбот, со износена капа на главата, со блажен спокој на лицето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК