значи (несв.)

Вистина, четите ги избегнуваа битките, но тоа уште не значи дека не пречеа да се воведат реформите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нема Срби, значи има Бугари. Но немањето Срби дали навистина значи дека има Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но таквата постепеност има место ако два соседни народи се во нееднакви политички услови, тоа значи, едниот, т. е. покултурниот народ господарува, а другиот, понекултурниот народ е заробен или, најмалку, нема полна политичка слобода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
МАНОИЛ: Тоа значи дека бурата наскоро ќе започне… Одете си, одете си, ве молам!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Беше, значи, голема заслуга на Хегел што ги откри тие закони, со помошта на кои може да се знае „како, во кои услови и на кој начин две спротивни ствари стануваат идентични, се развиваат и меѓусебно се обусловуваат“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Тој просто сета вселена ја претвори во една логичка конструкција од апстрактни поими, категории, чијашто логичка формула на движењето значи движење на вселената.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Штом ќе ти дадам знак значи дека нема никој и излегувај. (кинисуваат баба Анча прва, а Илија по неа).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Што значи тоа? Истите зборови ги повторив внимателно делејќи ги на слогови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Зад него се ведеше Циганчето Паљо. - Умрел значи, а ваму станал?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќето имиња во книгата се автентични, но тоа не значи дека и сите настани врзани за нив се автентични.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Значи, Стале, по планот што го скрои уште првата година кога стапи на работа кај отец Арсенија, треба да биде игумен на овој манастир, а тоа значи веднаш да стане богат човек и да си заживее како што живееше самиот отец Арсенија и редица такви како него „испосници" и „божи угодници".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Каков чај на деветти мај? Но Панче Маџар знае што значи чај кога порачува Пушмарко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По еден час и Бошко Манев, кога дотрчаниот Танас му кажа, исто така знаеше што го чека зашто арнаутскиот обичај на сите им беше познат: кога некој ќе ти плати за сѐ што кај тебе јал и пил – тоа значеше дека има право да ти одмазди како што сака за она што мисли дека си му го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зашто тоа значеше извинување, признавање дека грешеле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пет жици и ров? Значи, војна, реков.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Низ малиот прозорец се наѕираат по небото студени парчиња срчи, - Благоја лежи неподвижно и мисли за животот на простиот човек за кого коњот значи колку и судбата на неговата челад.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И пред да узнае со секојдневна логика што значи сето тоа, узна дека е на друго место.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А тоа значеше – волци грабачи, и мошне многу се исплашија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Их, што си бевме раат досега, бесот да ги фати, што ни го расипаа – почнаа да се жалат старците што останаа со попот и ќефалијата. Тие знаеја што значи Турчин.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе