знаменитост м.

знаменитост (м.)

Рабовите на мојата животна гуња прскаа и јас барав пат да се извлечам од тој задушен правоаголник во кој единствена знаменитост беа петте беспризорни пасторчиња на маштеата судбина и тројцата распеани студенти, од кои еден веќе се сомневаше во животот, во луѓето, во себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Писарот се здебели и пушти страшно долга коса, четка и по боја и по острина; лимарот, со еден збор, се исчука; Генералстап стана знаменитост, нешто како значаен музеј, со својата секојдневна упорност да чекори само на една нога.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Особено е најзаморно возењето по најстарата траса на метрото од „Сен Лазар“ до „Мери д`Иси“, чија линија е толку стара, што претставува веќе знаменитост на париското метро.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кралупи има и свои знаменитости.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Монмартр“, со неговата знаменитост црквата „Секр Кер“, можеби е еден од најпривлечните места во Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Американската знаменитост Jane Fonda со патетична сериозност го рекламира сопствениот пронајдок - евтино, пластично скалило за обликување на ножните мускули - со истата онаа патетична сериозност со која некогаш одамна протестираше против војната во Виетнам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со голема почит и совест се однесуваме кон сите историско - културни знаменитости - што се гордост не само за Крушево, туку за цела Македонија, и за сите Македонци во дијаспората.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Групата што го слушаше Т се преполови, но тој продолжи да ги покажува личните знаменитости со несмалена возбуда.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Попатно Рада не престануваше да зборува за сите знаменитости на овој град, завршувајќи со јодната бања, за која беше емотивно врзана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Другар ми Ице (така се викаше пола Гевгелија, зашто другата половина беше женска популација) ми донесе бланко уверение и разгледница „Успомен из Џевџелије“, со сите знаменитости од тој град, меѓу кои, како најголем хотел „Југо“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Утредента, по испиеното кафе, Јана предложи на гостинот да му ги покаже знаменитостите на ова бачко гратче.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)