злоупотреби св.
злоупотреба ж.

злоупотреби (св.)

Црковните ордени во Франција се ограничени во училишните работи, оти со нив злоупотребуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Вие го злоупотребувате нашето гостопримство... — За него многу ви фала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Моето единствено одбранбено средство е тоа што знам дека политиката не може без науката и уметноста. Макар колку да ги злоупотребува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И, за таа цел, се користат со уште една природна карактеристика на народната уметност, анонимноста, која тие ја злоупотребуваат и ја користат за ужасни цели: за маскирање, за криење во толпата, за стекнување славна, агресивна, естрадна анонимност!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кажи ми, што се случува со неа кога ќе ја исмеат, продолжував да трагам по одговорот злоупотребувајќи ги не само зборовите туку и мислите на Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Да, кога ќе ја доведеш Катерина ќе ѝ објаснам колку си ѝ верен и на колку начини може да ја злоупотреби твојата верност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во Решението се наведува неиздржано образложение дека Марковски, кој побарал писмена информација за причините за неисплата на хранарина  ги злоупотребил и пречекорил овластувањата регулирани во Колективниот договор за уредување на правата и обврските на работниците во МЗТ „Пумпи“ АД Скопје3 и дека сторил тежок прекршок на работниот ред и дисциплина поради тоа што, во директорската канцеларија, изјавил дека работниците ќе штрајкуваат доколку не им бидат исплатени заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А токму поради еродираниот морален хабитус на медиокритетскиот и малодушен феномен наречен „македонски судии“, насушно е потребно, добро и правично [bona et aequi], да се регулира 308 оваа „сива зона“ – со цел економски помоќната страна да не ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот на труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)