злато (ср.)

Го пренесе мајката, накитен сиот во злато, на чардак - резбарско дело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Каде се чуло четириесет лири мома да се купи? Злато е тоа, еј!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КАТА: (среќна). Поарно си направил што си ги донесол дома, и тоа злато.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ииии!... Злато!... Затоа бил заклучен со триста матракуки... (Влегува Мара и ѝ ги покажува). Само жолти!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И затоа се опечалив повеќе да ги донесам злато, да му се отворат очите.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Да го видиш во оние алишта дебарски само со гајтани, ќостег од срма до рамото, нож и пиштол од сребро, а саат од злато, појас свилен, па на него шамивче свилено пред себе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Како огромен шарен килим долу се простираше полето и искапено во утринската роса се преливаше во златото на узреаните оризови класја, во зеленилата на тутуновите стеблинки, а тек-тук се белееја и снежните пахулки на памукот што избиваше низ распуканите чушки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А Пане држи токму такви прстење какви што носат мариовките — жолти, од туч, се разбира, но нели се жолти, најблиски се до златото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека ми е живо коњчето, та какво и да е самарчето, ќе ме носи! — зборува Бојана и ја бели жолтата грчка волнена шамија, продолжувајќи: — На Вилка ѝ „навеза“ Ристе, да му даде господ илјада добрини ! . .. Море, море, море! Со злато не се докупува вој Ристе мој! — почна пак да го фали.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грчките четници — андартите — не беа голи и боси како „бугарските“; тие дојдоа испроменети во црни фустани, бели ѕиври, со букви на врвовите, а ќостезите на саатите, крстовите што ги носеа на гушите, ѕвечеа од сребро и злато, подресени со лири, обружени со куси синавери, тие изгледаа вистински евзони како на свадба или на гости да тргнале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Жените од овој крај сѐ до Илинденското востание тука носеа сосем бели носии извезени со срма и злато, носии многу живописни и надалеку чуени по својата убавина, а мажите куси облеки.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Децата го видоа и тоа дека на рацете има неколку прстени сѐ од сребро и злато, а еден меѓу нив беше најголем, со камен што светка како искри да фрла.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не ги сакав темните бои, ни бојата на крвта. Не. Го сакав само изгаснатото злато на класјата низ кои, кога лежиш на грб и испитуваш над себе, небото станува неодгатлива привлечан тајна. Драго небо.“
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А таа страсна набрекнатост немаше ни очи ни зеници обрабени со злато.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Палавиот зрачок се капеше. Од неговата светлина бистрата водичка се преливаше како растопено злато.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Да знаеја чалгаџиите дека му свират на утрешниот свршеник на Викторија, бездруго ќе му ја испееја и песната на нејзиниот дедо, кој истурил, по битолските меани, крбли злато од мерак по убавата Еврејка... Но не знаеја.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе видиш утре на светлост.“ „Златото свети и в мрак.“ „Секако, свети. Ајде, викни ја Јана.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Пуста стројничка! Со злато ќе ја облечат сега Попставревци... - ѝ завидуваа во Охрид на Мискарица. ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И само заради таа пена што почна да му ја обвиткува свеста со врело злато стврднувајќи се полека во непробоен оклоп, се моташе околу нејзината куќа претпазливо и со возбудено срце нараснато до грло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред нејзините нозе лежеше злато, истурено како куп царевка и чудно светеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе