заштитен прид.

заштитен (прид.)

Така заштитено, селото живее и се множи.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Беше сигурен:ја минаа шумичката и од еден скоро непреоден дол, заштитен со боцкави змии на густо збиени капини, излегоа пред студен рид, нем и пуст како тајна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За некакво прибирање, за некое чудно доаѓање, кое што завладуваше полека со него, онака притиснат и собран, онака притаен и најден во своето преисконско гнездо, еден човек, во својот одамна, пред илјадници години напуштен дом, приклештен меѓу двете ветки и заштитен меѓу нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нивниот статус на воени заробеници е заштитен со меѓународна конвенција и имаат посебно јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Правиме заштитна грамада.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Помеѓу мојата клупа и нивниот кафез се движи заштитна магла - ни јас можам да посегнам по нив, ни тие се во состојба да ме зграпчат и да ме испокинат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Поседнале со темни мисли под јакуцките на гуњите да сраснуваат до суровост со изѕемнатата земја, колку-толку заштитени од студот со веленца и кожи или черги, и пак чекале без сигурни предвидувања како ќе се заврши сето тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку лесно, малечкиот буквален простор се преобразуваше во бескрајно, а заштитено метафизичко катче.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се чувствувам наполно заштитен овде во кујната и мирисот на колачот дури ме успива.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
(...) Под закрилата на филозофијата на деколонизацијата, поимот на културата кој беше заштитен знак на империјалистичкиот Запад се сврте против самиот Запад и јасно ги именува општествата на кои овој им го наметнуваше своето старателство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во раните шеесетти, Бојс започна да користи уште еден материјал кој подоцна ќе стане негов заштитен знак, агресивна и груба, кафеава боја за широка употреба наречена Braunkreuz.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ногата го печеше. Ја поли со вода од чешмата крај заштитната мрежа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Играчката може да е нов хемиски спреј за отстранување на дамки од вино од вашиот ќилим, или заштитен аларм од крадци чии сензори можат да откријат движење на глувче.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не заштитен Ме клукаат Врани И Гаврани коба Молк.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Претпоставувам дека, ако би ни биле познати сопствените коски, никогаш не би ги покопувале мртвите, туку би ги чувале како светињи во соби уредени онака како што би сакале да ги затекнеме кога ќе отидеме во посета; а нашите непријатели, доколку ги украдеме нивните тела од боиштето, треба да ги ставаме во музеј онака како што умреле, со сѐ уште видливиот челик во телата, со искривени шлемови, со неизносени заштитни капни на чевлите, па пријателот и непријателот би станале толку неверојатно историски што и за сто години би ја затекнувале устата отворена за истиот говор и сите делови со кои сме го минувале животот прободени какви што отсекогаш биле - градниот кош, околувратникот, черепот - сѐ уште повторувајќи се, сѐ уште предизвикувачки, лесни како ангели, сѐ уште вредни за сеќавање и љубов.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој е заштитен со својата волтажа, како галванска купола, од секакво надворешно разорување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тоа подесување на времето е продукт на два генерални феномени: расцепот во природата на означителот предизвикан од фонтовите и од електро-дигиталниот трансфер на текстуалните информации, и со формулирањето на одредени општествени елементи низ културни слогани и корпорациски заштитни знаци (традемаркс).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Злостоп, накусо, значи заштитна глупавост. Но, глупавоста не е доволна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа, публиката не е под маска; но таа гледа дека оној кој говори срамно, оној кој го говори она што таа сака да го чуе – е маскиран, заштитен, недостапен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За денот на екологијата ја пошумувавме локацијата „Маркови Шуми“ - регион заштитен со закон.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК