заштеди св.
заштеда ж.

заштеди (св.)

Наскоро, во 1894 година, се разнесе веста дека јункерите, кои завршуваат таа година училиште, ќе бидат подоцна произведени во офицери, за да се заштедат пари во буџетот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
ЈАКОВ: (Вади златник од кошулата.) Имам заштедено златник.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Ние заработуваме добро - говореше Ацо. - Работејќи по градилиштата печалевме месечно доста, по ни останува да заштедиме.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А Мира планови разни смислува и везден крои: што ли, што да направи таа со парите заштедени свои?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Оние од кои се откажав да ги пуштам за да заштедам за жена ми да може да продолжи да ги купува сите оние непотребни нешта што жените со толкава сласт ги купуваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ве повикуваме сите правилно да ја разберете нашата акција, сами да се ослободите од козите, за да ни заштедите време и средства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По забавата го вклучија џубоксот, така што сега сите можеа да играат: немаше оркестар (сакаа да заштедат пари).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И на крајот, нешто што се подразбира, но сепак мора да се каже: Маргина веројатно би постоела и без Сорос (помала, поевтина), но она што тие ни го заштедеа е непроценливо: многу нерви и многу достоинство (не мораме да трчаме кај ново-богаташиве и не мораме, од друга страна, да го бирократизираме тој сѐ уште ентузијастичен импулс што нѐ води).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога ќе ја добијам првата плата, ќе си купам ламба, една убава од месинг, а кога ќе заштедам доволно, ќе си купам и кревет од месинг и една од тие масички со дезен на шаховска табла, знаеш тие со коцки од различни бои дрво, како и неколку килимчиња, и потоа ќе ги поканам на вечера него и жена му; никогаш не би можел да поканиш некого на вечера во куќата на Мајкл зашто таму никој не ги мие садовите и нема ништо друго освен Боб Марли постери и нечистотија и напади на врескање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А татко ми рече: А бре имам добиток, зимата ако се оддолжи, треба храна да се купи, мораме да имаме резерва пари, а стрина ми на тоа: Ако е за тоа, ние сме преку дваесет души, ќе заштедиме на храната, неколку дена поскромно јадење и ќе ѝ купиш палто на Милка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Никако да разбере дека џепарлакот треба да ми го зголеми, зашто не само што веќе не можам ништо да си заштедам, како порано, туку го трошам целиот до половина на месецот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Заедно пиевме на пругата, во Соколарци, а и овде, во Штип. Од ист казан јадевме боршч. А ти си единствениот што заштеди“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој, дури, за копањето на бунарот ни ги потроши домашните пари, дури и моите и, една сума, што ѝ ја имав заштедено на помалата ќерка. Нѐ остави без никаква заштеда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ведран веќе не носи пелени, и парите заштедени од новиот начин на какање, подоцна ќе ги инвестираме во неговото школување.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Јас сѐ уште бев во онаа стварност што личи на сон заради потребата на телото и заради потребата на умот да се заштедат силите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мислам дека Владата би можела да заштеди многу од Буџетот доколку на невработените би им исплатила и 5 пати помала сума од онаа за увоз, односно 200 евра, колку што изнесува просечната македонската плата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Незадоволен во целост од пресудата, оштетениот Јакшиќ, во април 2010, поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје поради суштествени повреди на одредбите на постапката, нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право – во којашто, меѓу другото, наведе дека: Недозволиво е суд да размислува со логиката на пазарни субјекти кои направиле пропусти во вршењето на нивната дејност и кои, за да заштедат и да остварат што е можно поголем профит, го изложуваат на ризик здравјето и животот на своите работници [кои, патем 200 речено, работат „на црно“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, власите во градот одлучиле, за да заштедат пари, тревата во парковите да ја „поткаструваат“ со две стада овци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Знаеше да заштеди од џебните пари кои ги добиваше од татка си, па си купуваше списание на српски јазик „Илустрација“ во кое имаше фотографии од последните модни трендови од центарот на модата и уметноста во тоа време – околу 1938мата - Париз, Франција.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)