затресе св.
затресен прид.

затресе (св.)

На крај, кога ќе ги исцрпеше сите прашања, жалосно ќе затресеше со глава. - Седни. Петка од сѐ. Единица само од предметов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И уште оддалеку го позна и се затресе. Се исплаши ли, или се засрами?
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Доста се затресе, ама пријатни трпки ја полазија по снагата.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Неда пак, кога виде дека Крсте навистина ја гледа и таа се заврте надесно, на спротивната страна од него, и продолжи да пишува во тетратката, целата затресена.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
„Марија.“ Нејзината рака посилно го затресе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Си заплакаа Мариовците и се затресоа, гледајќи дека Турците се настрвија и пак ќе нападнат, ќе опљачкаат и ќе изгорат и други села. И не се излагаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Другите деца се затресоа и замолкнаа кога видоа како крвнички Ибраим го одвлече нивниот другар.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Коњот пак исцвили. Ја затресе бујната грива, се исправи на задните нозе и како стрела летна со војводата кон Мечкин Камен...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не, не!... Очајно затресе со главата Аргир.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Рамената силно ѝ се затресоа. Се чу гласен плач.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се затресла планината од пукање. Бам, бум, бам, бум! и од двете страни.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го затресе трупецот. Му се стори дека нешто внатре клапа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А Србин стана, се потокми, се затресе и навистина отиде, Шишман остана затаен на местото како зајак што страхува секој момент кучиња да не го налајат во дувлото каде што се скрил.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јован се затресе целиот. Раката се подаде и двата прста ги фатија обете сламки, но тој не оптегна веднаш да ја извлече едната.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да ви се ногу години, ефендилер, — проговори Трајко и со длабок поклон ги поздрави двајцата султанови служители, сиот затресен од возбуда, знаејќи дека не го вика мудурот за добро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но наеднаш сонот му се зби. Му се затресе куќата како земјотрес да му ја сниша, како вулкан да избувна под неа или како да го накрена некој езерото на една страна и сета вода му се истури на куќата со силен тресок.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И во миг изгасна запалената свеќа, се затресе прозорецот, се отвори и зад ридиштата отпрво некоја исконска белина се искачи по небесата а потоа пукна спроти земјата, спроти душата свеченоста на пролетното необјатие.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Надвор има снег до стреите, велам, и ја фаќам за главата, ја затресувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш се чу едно засркнато кашлање: кав, кав, ќув, кив, уф, црквата се одѕива, се тресе. Се затресе и народот. Се залелеа небаре закланцана вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Умре, праша поп Танаско. - Умре, рекоа луѓето. Се затресе, поцрне и ја свитка главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе