заработи св.

заработи (св.)

Пролетта пукна и сѐ оживе. Во Старчевото градинче пчелите заработија и како да им зборуваа на децата: „Гледате ли ние колку се трудиме?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А, лебами, Мамуд и други параспурџии од чаршијата којзнае цела недела дали толку ќе заработат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас овде си го заработувам својот леб и не е моја работа да преценувам зошто го убивте токму него.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Што ме гледаш. Секој си го заработува својот леб и вино на свој начин.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дури последната вечер, кога беа блиску до селото, по една недела пат, Башмајсторот го повика онојго крај огнот и пред сите му изброја сѐ, што имаше заработено, а му придаде нешто и од својот ак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Многупати на анџијата ќе му истуреа цела вреќа стока само за неколку кила ракија и вино. А и зошто да не? Таа не беше со пот заработена и со крвава мака спечалена.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И затоа береа, се натпреваруваа, да завршат побрзо, да заработат повеќе. А можеби брзаа и за друго?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој не можеше ни сув леб да им заработи, а камо ли да затишти некоја пара да се отплати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе ги имаше сите адути над Организацијата да се истакне како ослободител.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На три четири метра внатре од стената на која заработи Толе со Јована, каменот престана и се јави мека земја, згодна за работа без барут.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
МАТЕЈ: Не зема динар од него. Сама заработува.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Работам една година, заработувам 1700. Ти работиш толку години, колку заработуваш?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Зашто, и без тоа, таа заработувала трипати повеќе на друг начин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секој од нив дошол овде со желба нешто да заработи и пак да се врати во родниот крај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стојче заработува добро. Постојано игра на прогноза за натпревари со коњи, кои се одржуваат на еден од блиските хиподроми до Сурен, на „Лонгшан“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со повеќе пари што не сте ги заработиле вие, а и не сте ги заслужиле, се навикнувате лесно да трошите, непотребно да трошите, а тоа е лошо и за вас и за вашите родители, а и за средината во која живеете.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И беше се думал, се туфкал и продал, пошто-зашто, и пазарлак и коњ и после заработил кај некој ковач, му помагал. 216
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа многумина натера да си заминат во градовите, да се заработат таму што и да е, само да добијат купони.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Понатаму, во писмото, Атанас ги молеше мајка си, браќата и деца си Блажета да му простат што не им се кажал пред заминувањето, но тоа го сторил зашто се плашел дека ќе го попречат да замине, а тој оттаму, од Австралија, ќе можел уште повеќе да ги помага, зашто му било добро и зашто добро заработувал.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога тој нараснал а таа почнала да поболува, морал сам да заработува за двајцата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе