задоволителен прид.

задоволителен (прид.)

Многу трговци, многу излагачи од далечниот Северен Виетнам и Северна Кореја, и тие од Индија, Либан, Балканот, Средна и Северна Европа, па и тие од СССР, Западна и Источна Германија, од Англија и САД, сите ги затворија саемските книги во Лајпциг со релативно задоволителни резултати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Своите разни деца ги испратија низ колеџ, своите родители низ нивните последни денови, своите професионални кариери ги доведоа преку задоволителни врвови до едно плато, а потоа на прифатливо благи падини и/или до пензија, како и своите тела со високи перформанси и бројните задоволени барања.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ги тргнав протезите. Забите задоволително ми ја надополнуваат сликата во огледалото.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа налага откажување од сета надеж дека некогаш на светов ќе се најде соодветен објективен корелатив на она што го чувствуваме и задоволително средство за негово изразување.303 Ако општествените посредства отпочеток не се сфатат како нужни (и само) симболични, а не изразни, ќе се смета дека се крајно недоволни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)