задира несв.

задира (несв.)

- А од што се колачињата? – сѐ уште ги задираат децата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Кај се пулиш кога лажеш, вели човекот, оди и не задирај се со мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неговото задирање во приватноста не е насилно бидејќи изложувањето на феноменот на урбана култура во градски простор мора да биде нешто што граѓаните нема да го доживеат како вознемирувачко продирање во секојдневието, туку како дел од околината со кој се служат и во којшто живеат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа задирање (на пр. сегашните расправи околу клонирањето) ја наметнуваат претпоставката дека телото е само феноменален облик на нематеријален генетски код. Маргина 37 37
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа и се задираат како палави деца".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој го задира: „Најди ме, најди ме!” - и мајсторот прави нов напор, се подналактува уште пониско на столчето, ги збира уште повеќе веѓите, и бара, и бара.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Претставените зборови задираа длабоко во балканската историја, опстануваа во различните балкански јазици со отомански османски примеси, како живи елементи, кои не беше лесно да се искоренат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)