зад (предл.)

Поорале уште една бразда, пак Велко беше се опулил и бидејќи дете, пак му свикало на деда си: „Дедо, дедо, ете го штркот зад тебе, заврти се да го видиш.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не знам како се сврте Велко назад, го видело штркот оти е близу деда си си му свикало: „Дедо, дедо, опули се зад тебе, ете го нашиот штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Е лели и ова не ми го веруваш, бре татко, ами кога беше ти на орање во големата нива, лели ти ги тераше Велко воловите и јас си зобав црви во браздите изорани; ами лели Велко ти рече два три пата: дедо, дедо, нашиот штрк ете го зад тебе, и ти на треќиот пат ме удри со остенот и ми ја окрши писката од ногата, та едно чудо време боледував, одвај дури оздравев.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Значи, централното наречје има зад себе, така да се рече, историски права.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, првото нешто што ќе треба македонската интелигенција да го извојува тоа е: отстранувањето на недовербата меѓу интелигенцијата со разно национално и религиозно образование; обединувањето на таа интелигенција како во самата Македонија така и зад нејзините граници; заедничкото опсудување на општите интереси на Македонците; отстранувањето на национално-религиозната омраза; воспитувањето на Македонските Словени во чисто македонски национален дух; задолжителното изучување на македонскиот јазик и литература во средно-учебните установи во градовите со словенско население; обучувањето во селските училишта со словенско население на македонски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарите дури излегоа потолерантни: земјата зад Шар ја признаа за „Стара Србија”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
(Очите широко му се отвораат. Согледува зад плотовите луѓе од околните лозја, кои сеират, уживајќи, во реткиот призор, некои отворено а некои скриено, меѓу овие Ефка и Стојанка.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Затоа, скриено, со лукаво притворство и в очи му се смее, а зад грб нескриено го исмева и го карикира, наоѓајќи во тоа особено задоволство, некаква одмазда за сѐ што трпи од него.) Е, жено, ем бргу, ем полека!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Затоа ти велам: на брегон, па кога ќе здогледаме некого што не е за кум, молчи зад дрвјето, а ќе наиде ли некој поимашлив, буп! детето пред него...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Назад- зад куќарчето планина на која се гледа село со растурени куќи овде-онде е ретка шума.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сонцето веќе заоѓаше зад Огражден, стана прохладно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се притаи тихо зад врбата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
1 Зад последните куќи на нашиот град, сред бавчите, покрај два реда вити тополи, што стојат високо исправени крај јазот има една голема сламена колиба, во која што сега никој не живее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Избега, се скри зад црвената врата на својата куќа. - За него јас бев врколак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Жените зад грб му се потсмеваа: - Женско петле. Малку како нетокму е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Остана зад нас да пцуе и да заплашува со решетки и со бесилка и со смрт и со пекол.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таман тој зад село, еве ти го Илка со маските тргаат за в планина.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Бојана го нарача орото „двапати зад нога“.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Илко и Доста застанаа едно до друго; зад нив нункото со свеќите на нивните рамена, одлево деверот, оддесно старисватот.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Се помачи додека излезе на патчето, за што сувите износени опинци ѝ се лизгаа по чипецот, но потоа бргу се изгуби зад ридот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК