заб (м.)

А Гегата крволочен јас, бесна ко Менада, би го раскинала со заб.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ти велам, колај работа! Го уловив ли јас него, не го испуштам од раце, па волкави заби да има!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ДЕПА: (упаѓа). Куршум ги дупнал, та ако нема заби од нив да не бара тие да му жвакаат!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПАНДЕ: Еден од докторите, го главал али има заби и али му се здрави...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Паљо ги откри зајачките заби под белата усна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На Паљо лицето му се издолжи, под расечената горна усна двата долги заба влажно светнаа; ја извлече бубачката од левиот џеб на закрпените панталони и болно застенка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Трепетливите ковчести прсти му се смирија, лицето му се развлече во сонлива насмевка: мустаќите му се поткренаа малку и ги открија двата заба во модрината на устата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Ах, вера нивна! — шкртна со заби малиот Крсте и го прикрена Ристета да стане.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Да може да касне и спаијата, оти како шо гледате, човекот и без заби е.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа и бабата Тода си седна каде што и е редот — на долниот крај на трпезата и убаво си се накрка од дебелиот грашок и топлите погачи, та за царевка непара се стегаше оти беше без заби.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
- Добровечер, - смирено рече нечеканиот гостин. Дедо Бошко го отпоздрави низ заби и тргна по него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш тој рашири насмевка на црното лице и се откри низа убави бели заби.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој тамам ќе попрестане, а дедо Геро пак ќе му ги покаже забите и ќе му пристори: - Хе-хе-хе-хе... и така со ред додека дедо Геро не го изел зелникот, а Митре останал гладен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мојот збор е тврда вилица на времето што ’рти по нивјето со заби на семето.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Гуланфер, подмолен цицач на невина крв! Забите му се кучешки под провокаторските мустаќи, коска ќе преполоват.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гавранот ги покажа забите и се закикоти - отпрвин безгласно, потоа крцкаво, ситно, искинато.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога се исправи со стиснати тупаници за првпат го виде неговото лице со ниско чело умни, повеќе потсмешливи отколку насмеани очи и усни, што не беа калап за забите, ни мера, рамномерност, соодветност за женскиот нос и меката брада.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ти не се постоела, ти си проѕирна сенка, сениште без топли гради, без врел апеж на влажните заби.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Ти, глувченце божје. Ќе те стопам, ќе те сомелам со заби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК