експортен прид.

експортен (прид.)

Неговиот сосед со тенка физиономија на птица е управникот на експортното друштво за тутун и кожи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Завршив трговска гимназија во Свиштов и експортна академија во Загреб.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Југословенското оружје беше на висока цена, рентабилен експортен артикл.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)