експонира св. и несв.

експонира (св. и несв.)

Литературата, според него, се експонира автентично само во тоталната солидарност со граничните прашања на егзистирањето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако дознае дека некој друг имал некаква негова идеја пред неговата да се експонира, тој во главата или некаде на хартија забележува да не го продолжува тој план.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Знаеш, јас сум една од оние која повеќе се експонира со гласот и квалитетот на срочените зборови во репортажата, а како изгледам јас тоа оставам да пресуди судот на моите блиски пријатели.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)