дрочи несв.

дрочи (несв.)

Дрвјата на ридот од Профим натежнале и дрочат: сонцето легнало на нив и ги квачи; небото е проѕирно, блеска како вода и не дава да се гледа во него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И дур се дрочат наоколу плодовите по неа се цеди мечтата по незбиднатиот род.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Обрастен со разно зеленило брегот е убав во секоја доба: во пролет е прошаран со цутови од секакви бои што шират опоен мирис и им внесуваат немир и возбуда на пчелите; во лето се гледаат разни плодови кои дрочат на сонцето и ги намамуваат птиците; во есен не се знае кое дрво полична боја има; пламтат лисјата како оган; зиме покриени се со бели пулајки, реси и чипки.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Соколе решува да побрза со грозјебрањето, веќе сме кај Богоројца, скубнува негоде-годе по некое зрнце - зрело е, слачно, би можело уште малку да дрочи, Но што вреди кога арамии го берат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Срцето ѝ се насладуваше од зачудувачката виталност на лубеничето, зашто тоа растеше толку брзо така што речиси можеше да види како лубеничето дрочи пред нејзините очи, исто како и лебот, што мајка ѝ имаше обичај да го стави на полицата над шпоретот за да нарасне пред да го стави да се пече.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Седат ко абдали пред тв кутијата и се тресат за својот фаворит, а да не ги спомнувам оние кутри пациенти со ливчињата у руки кои со саати дрочат по кладилниците и животна цел им е спортската лутрија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ако е речено, од Господа благословено и од светиите поткрепено од ровката земја сѐ нешто ќе из’рти, ќе пркне, ќе ботее, ќе класа, ќе дрочи, ќе зрее - песна ќе се слуша низ домата, низ селото и над Езерската шир.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)