драпа несв.
драпач м.

драпа (несв.)

Социологија, научни студии, природа, општество, драпај си мевот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Онисифор Мечкојад се драпал со десната рака под мишка или барал дршка на краток нож.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој не се насмеал; рекол дека ни мајка ни кобила не родила калуѓер или оџа што ќе му суди и пред сите ја завлекол раката в гаќи да се драпа кај што не го јаде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вечерата протекна језиво мирно. Фјодор ги поапа своите две порции шпагети, подригна задоволно, се завали во столицата повремено драпкајќи се помеѓу нозете.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Си бил кметски - драпај се... Јас сум бивш народен учител...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако во 20 век забавата меѓу луѓето се одвивала на друг начини, преку секојдневна комуникација и дружење, денеска како најбољи другари ги имаме фејсбук и скајп каде од 10 до 15 саати дневно може да драпате и оговарате, а наместо фејс ту фејс да се дружите само преку типките од тастатурата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)