дофати св.

дофати (св.)

Јас, мајко, тргнав, заминав, куса си пушка нарамив, планина Пирин развила, бајрак се вее сред неа: Јас ќе го, мајко, дофанам, над село ќе го развеам, та ќе те, мајко, куртулам од тоа ропство крваво.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Но и опавчето се вртело заедно со мачето, и никако не можело да го дофати.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Влезе, ја допре скалата до шупата и се покачи. Лесно го дофати парчето и се врати дома.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Толку многу ѕвезди го опсипаа тогаш небото и така беа блиску - со рака да ги дофатиш...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Не е дедо, од ридот можеш да ја дофатиш. Погледни! - Не може, - пак одговори дедо Стамен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Павле го дофаќа зарипнатиот извик. Што ли му текнало сега на Арсо? Овде не му е времето сега за разговори.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо ги дофаќаше гласовите, насмешливи, пакосно развеселени, ги чувствуваше врз себе погледите што сожалуваа, осудуваа, навредуваа и сето тоа како тежок товар паѓаше врз него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се поткрена со раце на рогозината да дофати некоја смисла на ова издробено вревење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега му мирисаше во лицето вриејќи, се чувствуваше спокоен од таа негова топла миризба, го имаше безмалу мекото чувство на допирот, кога ќе се дофатат за да бидат скинати неколкуте стракови од таа белузлава и мовлива благородна билка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш, кога ги отворил запците, човекот морал, полека со двете раце, да ѝ ја дофати ногата на мечката, исто онака, како кога се потковува коњ, и така неа ја подигнал од меѓу железата; тој тоа морал неминовно да го стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го имаше тој поган поглед и додека се сврте кон масичката и за еден миг го опфати својот нож, чие што сечило проблеснуваше притаено на виделината, а не помисли ништо, ни додека почнаа да го чешкаат јаболкцата од прстите со онаа желба да го допре, да го дофати, тоа тивко живинче, што стоеше веднаш тука, а се чинеше како да е наеднаш многу оддалечено, недофатливо, беше еден ист впечаток како кога гледаш од опачината на двогледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа пак почна да трча речиси избезумено од расто што му ги раскинуваше градите: ја дофати високата библиотека, со прстот ја допре рамката од сликата, само малку се поткрена и можеше слободно да гледа низ прозорецот, а кваките на сите врати ги отвори лесно... лесно, како да е тато!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Рацете ги држеше во џебовите, од страв да не ја дофати праската, а се знаеше што ќе се случи ако ја фати.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Бојан се обиде да дофати едно, но тоа, иако мало, вешто се шмугна меѓу овците, така што момчето остана со празни раце и неисполнета желба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И додека така седеше, увото, навикнато да ги фаќа и најлесните шумови што ги раѓаше белата снежна тишина, дофати далечен виеж.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа дедо Иван си влезе во колибата. Седна до огништето, ги приспотна гламните, па го дофати она шишенце што му го донесе Бојан и потргна два-три пати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ноќта, искачен на највисокото ребро на чатијата Мајсторот запеја и низ песната се мачеше Да ја дофати најубавата ѕвезда врз него, За потоа, кога ќе се врати дома, Да ја скрие меѓу навезаните цвеќенца на веленцето Со кое го покрива внучето За да му трепка врз неговиот сладок сон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја пикнав раката до над лактот под карпата, ширејќи ги прстите да дофатам некоја риба.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Пред да биде погубен Арслан бег со дружината, додека акаше низ полето за да го дофати Владимира Акиноски, во време жетва, беше наумил да ја грабне за брата си Салија најпрвата убавица во Потковица, Руса Јанческа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе