дотурка св.

дотурка (св.)

Еднаш за вас зборуваше како за „способен младич од Дебар Маало кој далеку ќе дотурка”.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Таа војна кај нас беше само лажно дисциплинирана со комунистичкиот мир (што, сепак, според Еуген Финк, е „забрана на смртта”), но токму во него маскираните тагови дотуркаа до највисоките хиерархиски места, и во моментот на историска шанса за нов зов на Нацијата, за фашизам (според Финк, „очитување на смртта”), тие излегоа од своите заклетвени пратемници - од коишто изнурнува и божицата Кали, не како Примавера, туку како ждерачка на лешеви - и удрија со современа воена техника, сепак, амулетно, сѐ уште користејќи касапски ножеви, на сето она што беше југословенско, што не се одзва на повикот на божицата Нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Винстон беше свесен за некаков тежок апарат што се дотуркува зад неговата глава.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стои на едно место, се врти околу себе, копа со очите по шејовите и вика Ковчегот, да не ми го заборавите ковчегот! и веќе еден од момчињата, најстариот изгледа, лесно го дотуркува до вратата а тој, старецот, го подметнува грбот и ковчегот е веќе врз него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сега како ќе дотуркаш до летото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не се задржа во гратчето ни да се види со своите ни да се распраша за патот, уверен дека некако ќе ја искачи угорницата и ќе го дотурка карванот до манастирот; се силеше само денски да стаса.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таква ја паметам мајка ми од она време кога ќе ја заварев седната до потокот на оној син камен што можеби војникот на бел коњ го дотуркал. (Кога го спомнувам војникот на бел коњ всушност мислам на човекот кој ја качил на планинава а никогаш не ја венчал!) А можеби каменов го дотуркал таткото на тој војник на бел коњ кога првпат му се посакало седнат да си ги лади нозете во потокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Онаа убавица, која само поради својата умешност успеа од сервирка во бифето да дотурка дури до претсобјето со огромно биро пред влезот на директорот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
По пет – шест години доби стипендија за последипломски студии во Берлин, по враќањето кратко време беше член на Советот на општината на неговото родно место, па пратеник во парламентот, за на крајот да дотурка до најсериозен кандидат за претседател на својата партија ( генералот Стојан во тоа време беше сопственик на еден супермаркет во едно мало провинциско градче и не успеа да ги собере 10 000 потписи за да му се спротивстави на изборите како независен кандидат) и ете го сега тука во истата зграда пред која што пред рамно триесет години дојде да бара демократски слободи и права...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ова предизвика многу превирања во медиумите, на кампусот и во престолнината на државата, но не дотурка многу далеку.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не се однесува буквално на самото мајчинско, но алудира на емоционалната состојба што ја вообличува мајчинското – имено, абјектната состојба на некоја што верува дека нема избор, освен безусловно да сака... додека не ја дотуркаат до самиот раб. ‌Навистина, ако една од функциите на кампот е да се наврати на сцената на траумата и да ја преодигра таа траума до степен на урнебесна преувеличеност, за да ѝ ја неутрализира болката без да ја одрече, тогаш конкретната драма што ја преодигрува уживањето на кампот во мелодраматичната сцена на судирот мајка-ќерка во Милдред Пирс не е трауматичноста на мајчиното отфрлање, туку трауматичноста на безусловната, неменлива, бескрајна љубов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)