дострел м.

дострел (м.)

Се чини дека носталгијата има ограничен дострел кон конкретното.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тие треба да бидат последниот дострел на спиритуалната возвишеност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Додека светлеа златно-префарбаните столици во реновираната слаткарница, претпоставував се зборуваше за дострели и натпреварувања.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За таа работа треба да бидеш квалификуван дебил, а врвен дострел у кариера им е шалтерското дупче...
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ако можам, би сакал да ги испочитувам дострелите на геј-мажите кои, од Стоунвол наваму, пишувале, на англиски, романи, раскази и драми за машкиот геј-живот и чии дела толку ми значеле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали тоа јас, инсистирајќи на опстојната релевантност, моќ и, навистина, мудрост на голем дел од традиционална машка геј-поткултура, сум ги изневерил револуционерните дострели на геј-ослободувањето, сум го отфрлил новиот геј-идентитет што го создала и сум ѝ свртил грб на нејзините цели за општествена и индивидуална преобразба, сосе нејзините оригинални културни творби?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие зависат од веќе постојните културни облици, кои им даваат општествен авторитет и заштитна камуфлажа, па нив главнотековната култура лесно ги запоседнува, но претставуваат и значајни дострели на настраниот израз и животворни извори за обликување и за разработка на геј-идентитетот – речиси библии на геј-постоењето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)