дооди св.

дооди (св.)

Млад јунак песна допеа, патишта пусти дооди, крај река Врелка достаса и страдна душа отвори.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
И сѐ се доодува и снегот и сивата измаглица на денот и студенината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Да ја одиш не се доодува, мислиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Никогаш со рака не се дофатува а со нозе не се доодува“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе се доодува ридот? Па, добро, нека крцкаат колената, препнати нагоре, како гранки суварки, запнати во служба на надежта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога Кате и Боге ги доглодаа ѓевреците, и нивното пајтонче дооде исцицувајќи ја последната капка бензин и довлечкувајќи го продупениот олук на ауспухот, Богевци со торбите се втурнаа во станот и веднаш викнаа по децата: - Јано, мајке, кај си?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)