доза (ж.)

Шефот сигурно сакаше да ја сподели дозата страв со третиот член, продолжи: – Името Сталинка на козата може различно да се толкува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И покрај машинската прецизност, операцијата имаше извесна доза на неформалност: речиси никој не носеше капа, полковници и мајори застануваа да си помуабетат со санитарците.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако забележите дека ви се потребни сѐ повеќе таблети да го постигнете ефектот, не ја зголемувајте дозата, едноставно престанете да земате најмалку неколку недели. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 127
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поголеми дози предизвикуваат лоша координација, пречки во говорот, невообичаени екстреми на емоциите и промени во расположението.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Толеранција бргу се развива, поради што со секое земање се зголемува и дозата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Започна да пати и од несоница: шеташе ноќе по терасите, по дворот, земаше апчиња за спиење, но зголемувајќи ја постојано дозата, апчињата почнаа постепено да не дејствуваат, стана имуна.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Спомените и пресилната доза од стварноста што си ја примил, притиска и се празни во сонот...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Три пати се обидела да изврши самоубиство со сечење на вените со скршено стакло или со земање на преголема доза седативи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Веспа на некој начин ги користи двете „поетики“: кај неа има и тоа: налудничавост и некаква си автореференцијална субверзивност, но, од друга страна, во нејзиниот расказ постои и фино одмерена доза на нежност и, дури, на она што делумно помодно се нарекува „женско писмо“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
ТЛ: Оффффф! Јас сум зависник од чоколада. Забележа синоќа, како келнерот автоматски ми донесе екстра чинија од десертот? Ја знаат мојата слабост. Дупла- доза, Тим.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За професија каква што е уметничката треба извесна доза на фанатизам сличен на оној што го има скарабејот кој така доследно ја тркала куглата измет.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Новите технологии, да речеме, просто го вшмукуваат тоа романтично атрофирано телце на „старата уметност“ и ѝ шприцаат такви дози на „виртуелност“ што секој момент очекуваме од масата на Франкенштајн да стане некаков тоталитарен холограмски бог и да заведе ред.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не забележал дека има смалување на ефектот поради редовното земање, ниту пак паднал во искушение да ја зголеми дозата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Близу границата ми пријде несетум една жена од моите блиски по мајчина линија, индиректна рода и ме гледаше час со извештачена доза на благо сочувство, час со извештачена доза на сожалување, којзнае која беше вистината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
До полноќ, гужвата драматично се зголемува и, судејќи според зениците проширени како чинии, некои од овие луѓе ја земаат својата втора или трета доза.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Сѐ е само прашање на физиолошката доза.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Доволното количество вода што го испив на после­дна­та чешма ми ја раздвижи крвта низ дамарите, доволно да ме соочат не само со драматичната ситуција во која се најдов, туку и да ме наведат на мисли кои сигурно произлегуваа од силната доза на страдање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кој е тој безобразен Бог што влегува во мене со својот политички фалус, фалусот на мојот потпис, па и јас влегувам во него, и зарем нема во потпишувањето на таквиот формулар, во пенетрацијата на неговото „јас“ во моето, висока доза на перверзен (хомо)сексуализам, што се вика власт?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа ме гледаше со извесна доза на неприемчивост и недоверба.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе