дијабетес м.

дијабетес (м.)

На крајот, тој сепак се огласи: - Веројатно, другар директор, сте во тек со неговата болест: дијабет од потежок вид. Веќе е под инсулински третман.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Најчесто идеше најстариот брат зашто Татко, поради дијабетот, мораше навреме да руча.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тивката квечерина, Мајка му ја донесе на Татко, по многу време, чашката ракија со мезе којашто тој многу ја разретчи во последните месеци, особено по јасната манифестација на дијабетот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кој беше мудар лапна два стана другите вредно работеа на брана фативме дијабет од премногу мед за млеко се чекаше со саати в ред
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)