димензија ж.

димензија (ж.)

И почна да открива непознати димензии протегнати во бесконечност и во нив растргани облици, претстави за кои во врелината на треската нема чудење.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Поштарот не почука веднаш, постоја пред големата порта засводена со четвртасти подеднакви по димензии блокови делкан песочански камен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Просенија последен пат некаде угоре, тоа дека беа над него го сети само по болката во преоптегнатиот врат, прошарија низ белината, која што немаше никакви други димензии освен таа вртоглава длабочина на матежот, која стануваше уште побездона од тоа, што имаше нешто во што можеше да биде впиен заталканиот поглед таму, под паднатото небо, кое не се разликуваше по ништо од наврнатата земја, се мернаа уште некој пат, а потоа врнежот се заклопи за нив и бесповратно ги скри.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само понекаде некое дрво, сето бело и прекрасно, ја подаваше едната своја страна без димензии, како некој убав дел на недоразвиена фотографија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со судбината на историските личности, нивните индивидуални животни стории, писателот ја воспоставува нераскинливата врска со сопствениот народ, колективното егзистирање, што ќе рече оти како уметничко- естетска вредност романот е дело за една личност која во себе најубаво и најуверливо ги одразува и содржи сите народни идеали и се стреми кон општочовечките, униврзални димензии на егзистенцијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во селото ретко слегува, замо по најважна работа, и бргу се враќа горе, зашто долу, меѓу куќите и луѓето, се чувствува малечок, ситен несигурен; навикнат сето ова да го гледа одозгора, во помали димензии, одовде му се гледа огромно, го плаши, чувствува дека го стопува во себе, му ја одзема онаа слобода што ја има горе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа не е време само во неговата физичко–просторна димензија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Го видов, верно беше мал по своите димензии, но вакви мали прозорци има и во други градови и места во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Чехословаците на изложбата предизвикаа големо интересирање со стерео-слики, каде што мртвата фотографија, прикажана во три димензии, оживуваше пред гледачот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Излегоа сосема други димензии, според едни имаше една висина, според други - друга, некои трети пак го кажуваа тоа во сонот што мереле; беше неверојатно, ужасно, сѐ се претумба.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зборот полека ги надмина своите димензии, луѓето го преведоа на свој мајчин и татковски јазик - народен непријател!
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Подобро нема во галактички димензии, па ни пошироко. Горен свет, долен свет.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Оваа војна ќе го предизвика зајакнувањето на веќе започнатиот турски национализам, предизвикувајќи депортации, односно чистење, подоцна и етнички, кои понекогаш имаа димензии на масакри на населенија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Костас Гаврас, синеаст Времето на козите претставува идеална реализација на бунтот на Мирослав Крлежа против канонизираната иконографија на соц-реализмот, тоа е дело кое на­станува во процепот на таа идеологија, дело кое успева да се извлече од премногу ограниченото помнење на реалноста, на првата реалност, онаа што е наоколу, помалку и здодевна во својата рационална димензија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Книжевноста на Република Македонија ни беше позната од преводите на Влада Урошевиќ, поет од европски димензии.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овие размислувања го одведоа до оние димензии на искуството, кои му претходат на јазичното одделување на субјектот од објектот, на умот од телото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Штом е дадено нејзиното постоење, нејзината иредуцибилност е тривијално следство на нашите дефинициони практики.“ (стр. 124) Главните структурни одлики на нормалната, секојдневна свест споменати од Серл, се состојат од следната дузина: конечни модалитети, единство, интенционалност, субјективно чувство, врската помеѓу свеста и интенционалноста, фокус-позадина, гешталт структура на свесно искуство, аспектот на фамилијарноста, зголемувањето, центарот и периферијата, граничните услови, духовитоста, димензијата на задоволство/незадоволство.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Овде повторно имаме збир на дефиниции кои дејствуваат заедно во многу различни димензии. Souffler е сленг за измама.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сенките се исклучително важни за Дишан, кој не само што ги користел како метафорички модел за да го изрази постоењето на четвртата димензија, туку и цел живот ја задржал фасцинацијата со сенките што ги фрлаат неговите редимејди.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Низ дијалог, терапевтот и Џон заедно ја идентификуваа „способноста за шегување на сопствена сметка“ како нова димензија во личниот развој на Џон која би му отворила нови хоризонти, недостапни за татко му.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе