декоративен прид.

декоративен (прид.)

Таа е декоративна, нема трајна социјална вредност, тешко дека ќе се најде Евреин во приказната.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Цртачот на стрипови, драги глувци, можеби не е „лекар на убавината”, каков што беше, да речеме, господинот Леонардо, но ги секцира „нештата” на таков начин што неодоливо ги привикува аналогиите како на првите анатомски маси на Версалиус, така и на бесконечното делење на материјата со судирање на честиците, или на господин Вазарели, да не одиме понатаму во декоративното минато.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од таванот висеше лустер во вид на црковен свеќник, повеќе декоративен одошто функционален, освен ако не ти паднеше на глава.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На преден план - декоративен и симболичен череп до него сушени риби, ракови и книги со позлатени букви на кориците: Vita Nuova, Comedia Divina визии од платната на талијанските мајстори од XVII-от век.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)