дебеличок прид.

дебеличок (прид.)

А таа кога ќе се кршне, ако така дебеличка, како ремен се вие, половината напред, половината назад. А Доста ѝ држи само „сенка“!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едниот е со широкополна сламена шапка, која се дига еден лакот над црната шапка на другиот, дебеличок, со пасторска наметка врз плеќите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не можам, а да не му се восхитувам на Хорацио Цвикало на господските гестови, уште повеќе кога ќе ги поврзам со тенко потстрижените мустачиња, светлите костуми со пруги и склоноста кон дебелички жени со огромни дојки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)