де (изв.)

ЈОРДАН: Де! Де! Триест лири за Симка и дваесет за свадба, доста се. Педесет лири не се многу...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Де море, Митре, бре пусти, Митре, Кога си по мен’ севда имало. Што не ми кажа кога бев младо!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Е, добарден, де, или доброутро. Јас се заплаши да не ме закрпе кучката, та се заборави и доброутро да реча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ѓаволот се даде на работа. „Де, Митро, сега или никога. Еве ти го душманот в раце!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ѝ се закануваше со сила да ја обесчести, но таа со два збора му одговори: – Ако не ти е мил живот, де бакалум!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Е, де, господин управниче! - рече Ѓорче, му пристапи и му спушти во раката една златна жолтица.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Е, де! Не грижи се! Нека е жив народот, поубави куќи ќе направи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Е, де, не плаши се! - одговори Трајче. - Не сум овца, та волкот да ме изеде!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Да не велат: Де бре, што е ова - сурија!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А ти, гледам, си се исушила. Држи се! Гледај ме мене, де!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Браво, браво, а така де! — повикаа во еден глас сите тројца заповедници кога го видоа белото шамивче и зачекаа да се појават комитите на вратата и да се предадат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога излезе од орманот пците се враќаа на неговото мамење, но така накострешени, што одвај чекаа да им рече „тут Шарко, Мрчо — де бре!“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
СУЛТАНА: Е де. И јас се прашувам. Свари ја таа вода и гаси го ќумбето. Лето е. Ќе се угушам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Одиш, одиш така, дее, ајс, отсебо, дее, па после охаа, ќе свика некој од војниците, од комората. И ќе ги запре воловите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, што е де... сум прднала, ете што! Не знам, може и да ми се пуштило, жив човек си, а и мевот кренат до гуша ми е. Може да ми се украло, некако, јас не чув, ама Јон чул за да ме изеде срамот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Притоа воспитачите, и самите малку земени, на сиот глас викаа: - Ајде летнете, копилиња! Летнете де!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но најпрво откога ќе измешавме сѐ, откога целиот небески свод ќе го удревме наопаку, Метеорот помирливо ќе речеше: - Добро де, будалчиња едни, што сте запнале толку, што е тоа најважно, Сонцето или Земјата, Земјата или Сонцето, сеедно, важно да знаете дека се движат, важно нешто се движи, доволно е толку!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Де, бре, кај ја отера, му се насмеале луѓето, ако треба да ти попуштиме!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Како ќе одите така, не е до ондека... — Добро де, донеси!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Е, оти де, велам, не го носел патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе