градежен (прид.)

На оној потоа бргу не му беше тешко да си најде нов бригадир на градежната бригада.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Третиот беше бригадир на градежната бригада на Задругата: сакаше и нему да му го заборават името и да го викаат бригадире. Го викаа Језекил.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од тоа набргу се исплете приказната за најстариот комунист во нивното село, а внукот веќе беше регистриран како Сталинче и немаше никаква опасност Језекил да не го добие местото на бригадир на градежната бригада на Задругата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Употребени се сите градежни материјали со кои се располагало за што подобро да се истакнат шарките и украсите на куќата, да се уочи бордурата, фризот, симсот под стреата, цолбанките над прозорците и вратите што претставуваат прекрасна орнаментика, вез, разграната лоза, муренкови лисја, трендафили, леси, плетенки дворедни, троредни, гулаби доближани со клуновите, пауни, еленчиња, риби, сонце.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Обајцата градежни работници во Келн, а младиот од Неготино, работел како монтер во Мајнц.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Подигањето на чифлизите стана така што мајсторите и потковичаните (нив, на последниве, тоа посебно тешко им падна: покрај што беа катадневно ангажирани во градежните работи, кршеа и довезуваа камења, сечеа плитари, бичеа греди, газеа кал и мешаа малтер, мораше да се грижат уште и за исхраната на мајсторите, за полето и за домазлакот) најпрвин го одредија просторот на кој требаше да бидат подигнати идните чифлизи, потоа истиот тој простор од Имотот и од селото го издвоија со широки сокаци и високи камени ѕидови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тоа, отстојувањето на Имотот, во градежна смисла, сѐ до средните шеесетти години на нашиов век, кога се урна господарската живеалишна зграда, се должи покрај на отпорноста на градежниот материјал (камен, малтер од негасена вар и дабово дрво) и на вештината на градењето, уште и на итроста, грижливоста и жилавоста на неговите стопани, а потоа и на една, иако понижувачка, среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Манол Форевски и Силјан Лилјаков работат како градежни работници, Ристо Коларов на кланица, а Филип Хаџиевски разнесува храна на магаре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По некој ден од судот дојде градежен техничар, како вешто лице, и судски записничар. Извршија увид и направија записник.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А градежните инженери, наведе Китан, не се такви лица кои можат да дадат стручна оценка на какво тло лежи куќата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кон мензата на градежното претпријатие Бетон беше придодадена една одаја, ѕидана, легната на самата земја, оти душемето на одајчето од надворешната кал ја делеше само едно прагче два три прста дебело.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се измени на почетокот текот на реката, а по завршувањето на градежните работи, две години подоцна, дојде и до нејзино целосно блокирање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Материјалот го имаат и ќе го имаат при рака - големи доводни цефки ф-150, цемент и вентили за каптажата што, се разбира, се изведува на самите извори и на речиштето, потоа за првиот мал резервоар и натаму за неколкуте стопирачки шахти и, најмногу, цемент и градежно железо, за големиот резервоар на височинката над Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подоцна разбрав дека Спасе Миткин, градежен техничар од Монастир, кој доаѓа повремено во Маказар, му ги подарил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Слушајте го и ова: - Во непосредна близина на спомен-костурницата на борците загинати во Народноослободителната борба - да се потсетиме дека Куманово е град на првоборец и херој, во него и во Прилеп пукнале првите пушки - е создадена голема депонија: ѓубре, градежен отпад, стари автомобили, делови од стара покуќнина, и апарати за домаќинство - сето тоа расфрлано на десетина хектари површина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Филип беше поткачен на едно купиште градежен отпад и викаше накај другарите: „Ништо! Циркусот заврши! Кантите ги ставија во комбето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Влатко се врати кон патеката гледајќи во купишта градежен отпад и се згрози помислувајќи на змии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој нивни зет иако обичен градежен техничар по образование, беше голем љубител на француската култура и јазик и нивните деца најпрвин прозбореа француски.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа беше како травертин, онаа тврда материја која беше настанала од талогот од варовните топли извори, па уште од најстаро време служел за одличен градежен материјал, од кој е изѕидана црквата Свети Петар во Рим.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Широкиот асфалтиран пат, дело на нашите од градежното претпритјатие „Гранит“ се протега долж тесната клисура на чии падини како печурки се начичкани бетонски бункери со сиви капаци, остаток од недамнешно време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе