гледалиште ср.

гледалиште (ср.)

Кога заврши претставата, со грмеж во салата (дали како сценски ефект или како ровја над градот, не беше јасно), а светлата се запалија во гледалиштето, актерите излегоа пред спуштената завеса, избледена и излитена, па долго и длабоко се поклонуваа пред публиката измамувајќи само млак, пристоен но повремен аплауз.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Прво зборуваа воздржано за премиерата, небаре од гледиште на гледалиштето; потоа поминаа на пофалби за работата на режисерот како негово дебѝ, па на комплименти и признанија за улогите на колегите во одделните сцени, за на крај да завршат со бесрамно откриени самопофалби што кулминираа повеќе со дерење одошто со пеење, поправо со разногласје колку грло ги држи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако некој се наведнува преку прозорецот од другата страна на проѕирниот свод меѓу вообличеното и невообликуваното значи: Нептун се наведнал Посејдон посегнал, стрепел страотно китот убиец во височините се нурнал свикнат на дно, на бездна свикнат на најкусиот пат до центарот, внатрешниот круг на Психе до замислената точка, мигновената морфема: едната глава на едната, другата на другата страна, оностраната медузо, пијавицо осмоока стовариште за back-up фреквенција за реставрација, свргни ја од власт формата, поведи двобој восторжи ја публиката, гледалиштето дејството изделај го зад кулиси, класично спушти го пердето, занишај ја сцената оддалеку навева Вишниот виши, виши вишнее а под него тлее водена артикулација – Сѐ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се симнувам од сцената и панично бегам кон излезот од гледалиштето.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Жолто сидро, сина риба – со такви чудни месечини живееме Силвија Плат штиците крцкаат неподносливо крцкаат под тежината на одот мек рефлекторот со модра боја ги прелива пукнатините на левиот образ на животот на десниот образ на животот истекува остатокот од модрата боја на рефлекторот сенките се качуваат по левата страна на завесата и се спуштаат по десната страна на завесата на средината од сцената нашите усти нè голтаат со сласт што освојува публиката аплаудира безмилосно аплаудира безмилосно публиката безмилосно публиката аплаудира од другата страна на завесата во гледалиштето започнува долго очекуваната претстава
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)