гејша ж.

гејша (ж.)

Повторно ги повика маскираните. Овој пат ги стопи во гејши со набелени лица, врамени во тешки облеки.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Сте виделе ли соблечена гејша? – викнав.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ана во вториот круг е гејша. Сублимно се движи, но сепак, помислува Љубовникот, „You are my destiny“ од грамофонот бара партнер.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
кога се враќав од јапонија каде другаде ако не кај станицата синџуку во токио налетав на гејши со црвени чевличиња и црвени чадорчиња видов и збунети германци кои знаеја што им бараа на гејшите ама не знаеја тоа да им го објаснат на јапонски а и гејшите чешит гејши неоти не знаеја што им бараат ама си беа задале пауза за дискретно мајтапење со збунетите германци и нивната излишна цалензи бите наперченост во улицата паралелна на улицата на црвените фенери
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сѐ е толку смирено. Ја доживувам нирваната на нивниот Рај, во животворниот поглед на гејшините очи. Таинствено сензуален.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сопругата медуза има да се наужива затоа што ќе може да го гази по грбот цел месец како гејша, а тој под неа да завива, ’ко во сексуален занос.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)