географија ж.

географија (ж.)

Уште од времето на паѓањето на Самуиловото царство Македонците не еднаш правеа силни востанија против Византија, многу посилни од Бугарското во времето на браќата Асановци, но не можеа да се ослободат, зашто кај нив се други географските услови, а кај Бугарите други.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонија, после ќе речат нашите противници, не претставува ни географска, ни етнографска ни историска целина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исто така, можеби некои Срби во моите расудувања за непостојанството на народното име кај нас ќе најдат потврда на мислите на проф.Миловановиќ, којшто докажуваше во „Дело” дека треба Македонија да се подели помеѓу балканските државички, зашто не претставувала ниту географска, ни етнографска, ни историска целина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Душан не трча по улиците со својата мафија. Заради Ирена Иванова или Калина Панова Душан веќе не е прв по географија.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Сликата – една од водечките и најценети достоинства на современата македонска поезија е облик низ кој мислата се мачи да го скамени невидоизменето нашето некогашно време; впечатлива слика на разделбата со оние што одеа на туѓина, сликата на велигденското оро, сликата на жетвата се составки на духовниот пејсаж на македонската географија и обраќањето кон неа не значи враќање кон нејзиното време туку протест кон духовната унификација што произлегува од нашата инертност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
ВО ЕДНО неделно мајско попладне кога сиот Париз беше огреан во сонце, и кога по Сена се влечеа хидроглисери, начичкани со патници и туристи, на кружни патувања околу Париз, и кога на ѕидиштата на оваа голема и прочуена париска река на самиот дофат на „Нотр Дам“, имаше најмногу продавачи на стари книги, геграфски карти, уметнички репродукции, пред една пристара црквичка на „Сен Мишел“, токму во овие кривулести и тесни стари париски улички, кои тоа попладне беа преполнети со шетачи и туристи, вниманието ми го привлече една поголема група млади луѓе собрани пред црквата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги собра и другите предмети останати од него: лулата, чешелот за косата, малото чешле за мустаќите и густите веѓи, игли и конци за везење, влечките, географската карта на која беа обележани земјите и местата каде што ги поминал - и сѐ спика во ковчеџето да не ги гледа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Човекот, во зависност од расата и географските предели, станува полово зрел меѓу тринаесеттата и осуманесеттата година, а живее просечно шеесет-седумдесет години.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во човековата свест, можеби во секоја и во сите времиња, се крие географско парче на непозната или пронајдена почва на оваа или некоја друга планета, што еднаш, првпат, се запознава со соништата со најневините години.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Веднаш од првиот час географијата многу ме заинтересира.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Целиот концепт на национален идентитет и институциите на моќ - т.е. авторитетот, демографијата, географијата - се прилично универзални.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во Иркутск е минус 40, на Флорида плус 30... Гргорат и се мешаат јазици, се преклопуваат насмеани и уплакани лица, живи и мртви, градови што настануваат и исчезнуваат, се мешаат географски точки, Амазон се влева во Црно Море, Волга во Атлантик...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Може да се укаже и на несомнената сличност на „Настан“ со „Јонич“ на Антон Чехов: овде исто така царува не толку географски, колку духовен провинцијализам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во еден експонат прикажана е на една поголема географска карта пругата која води од Тирана до Поградец, изграден од илјадници работници, војници, млади и стари.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таквите државички, кога забележуваат некого од оние што ги изработуваат географските мапи, подзаплашени од нивното присуство, веднаш си ги покриваат главичките со снег како со шапка од бела печурка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Дури и имињата на земјите и нивните форми на географските карти беа поинакви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Делумно и необичната географија на собата го поттикна на она што се подготвуваше да го стори сега.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Првиот час географија. Гласот на ѕвоното не го смирува урнебесот во класот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дури и географското знаење што беше потребно заради префрлување на војната од еден крај на светот на друг, беше значително.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Езерото, симбол, ентитет, географско место со силно присуство како лик?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК