генерализација ж.

генерализација (ж.)

Во сиве наведени мислења, кои се, во основа идентични, се забележува дека основното сознание води кон една одредена генерализација: суштинските вредности прозата на Чинго ги остварува во доменот на стилот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Врз основа на нивните сведоштва, напишани или јавно изречени, кои се, навистина, понекогаш контрадикторни, можат да се изведат извесни основани претпоставки за тоа како и кај кои личности дрогата делува на творештвото, иако сѐ уште сме далеку од тоа да можеме да изведеме некои генерализации.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но наспроти тоа, една генерализација може да го издржи патот низ сите тие историски примери; имено, националистичкото движење израснува и народот станува мобилизиран како нација доколку од многукратните и безбројни заеднички обележја во секојдневниот живот создаде една смисла на некое нарочно единство и припадност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Така е особено ако исказот, наместо левтерно да се нафрли со зналско намигнување, се изнесува со сета сериозност на сеопфатна генерализација за геј- мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, далеку од факти, ваквите генерализации за геј- мажите биле обични заблуди – на пример, дека геј- мажите се модни зналци или познавачи на дизајнот, дека се мераклии да се облекуваат како жени. ‌Џон, вели, цел живот се борел против тие стереотипи и не сакал да гледа како сега нив ги поткрепуваат и високообразовни установи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)