вчудовиди св.

вчудовиди (св.)

Брзо излази до татка си, којшто малку потаму, исто така вчудоневидено беше загледан кон огништето.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги водеше децата кон Мартина сѐ додека тој не ги виде и вчудоневидено се загледа во нив прашувајќи се дали да спрсне да побегне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Лицата сѐ уште им остануваа бледи, а во секое нивно движење стоеше подлипнатоста и вчудоневиденоста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се врати со израз на вчудоневиденост на лицето. - Спијат, - му шепна на Шишмана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ни Коте ни Методија ништо не сфаќаа. Повеќе од вчудоневиденост одошто од почит ги пуштија братучедите меѓу нив прави да излезат, се погледнаа и кога Коте се пресегна по клучот од надворешната врата, Методија излезе пред него.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Празна! - вчудоневидено рече тој и ги преврти очите во главата од смаченост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Веројатно тоа ја вчудовиде и управата, сигурно никој не очекуваше едно такво одвратно лицемерство.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ѕвезда почна вчудовидувајќи нѐ сите: - Господ посакал во својата повела да има земја и небо и прво ја направил земјата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Од вчудовиденост немаше сила да се брани.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со бесна вчудоневиденост тој заклучува дека учените луѓе од неговото време престануваат да се интересираат за непроменливите вредности, за целиот свој талент и углед да ги стават во служба на локалниот дух, да го поттикнат она што е ексклузивно, да ја ободрат својата нација да се затвори самата во себе, самата на себеси да си се поклони, и со „својот јазик, уметност, филозофија, цивилизација, со својата ‘култура’, да се постави наспроти сите други“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овде вчудовидува бројот на луѓето кои мислат сами, кои пеат сами, кои јадат и зборуваат сами по улиците. И покрај тоа тие не се собираат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се вчудоневидуваа - зарем ќе тргне во живот со него! Посебно постарите роднини.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Уште повеќе се вчудовиди кога откри од една нејзина случајна забелешка дека не се сеќава оти Океанија пред четири години беше во војна со Истазија, а во мир со Евразија. Тоа малку го исплаши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со некаква војничка прецизност што го вчудовидуваше, таа ја исцрта маршрутата што требаше да ја следи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој се сети како еднаш по - експлозија на една ракетна бомба, помагаше да се извлече еден труп од урнатините, и како беше вчудовиден не само од неговата неверојатна тежина, туку и од тоа колку е вкочанет и незгоден за носење, поради што наликуваше повеќе на камен отколку на месо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Импресионира? Изненади, зачуди, восхити, вчудовиди - што значење ќе е?“ го запраша Нина Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Или, и пред да го вчудовиди таа сличност, бил упатен во врската на жена си со Ролан, но молчел чекајќи да го види крајниот резултат на таа врска и какви последици можат да произлезат од неа?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова беше нешто што ги надминуваше очекувањата на Едо и се потруди да скрие дека е вчудовиден од необичната изјава со која таа без колебање декларираше скоро натприродна моќ.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На лицето на Германија сега за миг се појави израз на збунетост и вчудовиденост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се сетив на нашиот разговор утринава и на она како се вчудовиди кога го прашав дали е сигурен во она што го тврди или станува збор за обична претпоставка? А стануваше збор за банална вистина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе