вистински прид.

вистински (прид.)

Извајана е амазонската нејзина става: вистинска личота милна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
-„Море не ви кажувам, бре браќа, приказни, им рекол Силјан, ами ви кажувам вистинско сторење и патување мое, и преѓе ви кажав и сега ви кажувам оти штрк бев и во штркова земја бев, две лета тамошни сум работил полска работа во куќата од штрковите наши што се на нашава куќа.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа тој и не гледа вистински реформи – без сериозни зафати во економско-социјалната структура во Македонија, затоа не можат да го задоволат Февруарските реформи, како што не ќе го задоволат ни Мирцштегските, како како почеток условно ги прифаќа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, работењето наше ќе треба да биде врз почвата на народното просветување: мирно, легално, еволуционо; тоа ќе има за цел интелигенцијата да биде вистинска слугинка на народот, а не наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вистина, таа дијалектика кај него е обвиена со мистицизам, но со отфрлањето негово и со нејзиното конкретизирање врз појавите од објективната реалност, се доаѓа до нејзиното вистинско и објективно важење во природата и општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Хегел, се разбира, мораше да биде исчистен од својата метафизика, мораше безусловно да биде отфрлена неговата некритичка доверба во рационалистичкото умување — и дури тогаш можеше да се создаде вистински дијалектички метод што го овозможува спознавањето на природата и општествената стварност.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Како вистински и доследен идеалист, тој сосема го укина дуализмот меѓу битието и мислењето, и на свој мистички и идеалистички начин го воспостави нивниот полн идентитет: и материјата на објективниот свет Хегел ја претвори во развоен процес на „светскиот разум“, чиишто категории вечно се движат по законите на една посебна логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Ај вие, чеда народни, вистински славни јунаци, викнете, грм издигнете за да си живот смирите.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Баждар (не му го знаевме вистинското име) се исправи пред мене пречејќи ми да влезам во широчината со три накривени багреми, бедни во зеленилото и полни со мравки по испуканата и брчкава кора, со јама за ѓубре, со излупена каросерија на стар форд.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој се состои исто од два дела. Предниот земник и вистинскиот — задниот земник.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Как Крсте, бре слепче? Откаде докаде десеттодишно дете го запопиле? — се чуди Јован, не знаејќи дека ова е пиеска, а не вистински живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грчките четници — андартите — не беа голи и боси како „бугарските“; тие дојдоа испроменети во црни фустани, бели ѕиври, со букви на врвовите, а ќостезите на саатите, крстовите што ги носеа на гушите, ѕвечеа од сребро и злато, подресени со лири, обружени со куси синавери, тие изгледаа вистински евзони како на свадба или на гости да тргнале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ι Со лажна убавина ги обвива предметите и им дава облик на вистинско збивање.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Би те кренале неми над своите немирни тежини да те поплави небето со белите трошки на погледот Дали тогаш твоето сонце ќе може да го озвучи кроткиот дожд на тишината Сепак не е зимата румена како нашите образи и не е вистински сетна како здивот на реката Побарај го слапот од надевање во извезената кора на мразот под која тлее жуборот на едно кревко сеќавање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Еден вистински Француз не се понудува со вино пред јадење. Кажете му го тоа, ве молам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сите предмети што ги распозна пред тоа, го добија својот вистински облик со нужна смисла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сите ние по еднаш вистински плачеме - и ти, и јас. Сите...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По таа причина единствениот пат да ја има Анѓа како вистинска анама, беше нејзиното потурчување.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А кога ја виде неговата бистрина, послушност и храброст во неколку борби околу Сингидум, го засака како вистински син.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе