виртуелен прид.

виртуелен (прид.)

Со употребата на новата опрема - ракавиците и “cyber-suit”-от, коишто се всушност ништо друго туку обновена тастатура или глушец, со начинот на употреба на сопственото тело за пренесување на сигнали на компјутерот и со очилата ќе ги истражиме дигиталните виртуални стварности.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Виртуелниот Мауи нема никогаш да биде совршена симулација.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како што јас гледам, новите технологии ја заменуваат вистинската стварност со виртуелна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И дури ветениот излез во виртуелниот секс дојде до ќорсокак.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Новите технологии, да речеме, просто го вшмукуваат тоа романтично атрофирано телце на „старата уметност“ и ѝ шприцаат такви дози на „виртуелност“ што секој момент очекуваме од масата на Франкенштајн да стане некаков тоталитарен холограмски бог и да заведе ред.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Комбинацијата на автопати на податоци и проширена телевизија неизбежно ќе доведе до враќање на селската индустрија во форма на виртуелни разбои.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во моментов, работите што ги гледате во киберпросторот се мошне познати мотиви едноставно трансформирани во оваа виртуелна околина...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И озгора на тоа, нивната NSK држава, виртуелна држава во време а не во простор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Потполното побудување на виртуалниот објект се распаѓа на сили што му соодветствуваат на парцијалниот континуум, на брзини што преминуваат низ иситнетиот простор.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Тие го штитат читателот од шокот на виртуелниот трансфер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
1 Следствено на драматскиот идентитет на динамикиве, една перцепција наликува на некоја партикула: актуалните перцепции се опкружуваат со цела небула од виртуални слики кои се дистрибуираат со подвижни кола колку повеќе се оддалечуваат, стануваат сѐ пошироки, се градат и разградуваат.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Континуумот на виртуални слики е фрагментизиран, просторот е иситнет според правилното или неправилното декомпонирање на времето.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Како ќе заврши оваа нивна виртуелна и евентуална соработка, новинарски кажано, останува да се види.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа средба во еден виртуелен простор на историјата трае само неколку мигови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потем се соземам несвесно се враќам со временската машина во виртуелната стварност и продолжувам да си играм да се занесувам оти како инаку ќе преживеам Мамо - не знам!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Петар кој одвреме-навреме го чисти виртуелниот простор од реалните мртовци?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Беа дошле до заклучок дека на светот му е потребен нов или подновен светски поредок, што од една страна ќе ги заштити човековите права и човековата околина, а од друга страна ќе ги спречи господарите на парите, монетарната стварност да ја претворат во катастрофална виртуелност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Какви зими, такви рими: жена ми и син ми во туѓина китат елов садник и кршат погача за бадник јас пак сам кмишам дома ко во мечкина утроба трома грицкам виртуелен сладник а татковината ни – гурбетчиски расадник.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Впрочем, мене и вам не ни значи ништо тоа што Уставот на нашата држава, само на хартија, ни гарантира одредено право, ако тоа [виртуелно и фиктивно] право ние не можеме и практично да си го заштитиме пред суд – затоа што, на пример, судијата не го зема предметот во работа бидејќи немаме пари да ги платиме скапите судски такси, како и лукавиот противнички адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нормалната комуникација ја замени со виртуелна.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК