вет прид.
ветов прид.

вет (прид.)

А таму, бре, ракија, бре туршија, бре татлија, бре нешто ветво, бре нешто ново, сѐ што ти душа сака!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На челата под ветвите фесови им лежеше слава на злодејство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сликата е направена рано наутро; сонцето тукушто е изгреано; расцутените костени фрлаат сенка на патот кон полето; мајка му во едната рака држи срп, а во другата го држи Богдана за рака; таа е облечена во вет забан, ветва кошула и опинци на нозете; забрадена е со марама; лицето ѝ е предвремено овенато, ожебавено, со модри траги што времето и животот ги оставиле; очите без сјај, без радост; устата збигорена, без насмевка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Те гледам често во „Зона“, седиш со ветви мажи“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Голем број геј- луѓе денеска се изгледа решени да ги подражаваат и да ги репродуцираат ветвите, регресивни општествени вредности на хетеросексуалната култура: семејството, верата, патриотизмот, нормативните родови улоги – она свето тројство на Kinder, Küche, Kirche.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)