брановиден прид.

брановиден (прид.)

Се качи по разнишаните алуминиумски скали и исчезна низ една дупка во кровот од брановидна пластика.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се бакнавме. Ја погалив по вратот и осетив нешто необично, некоја чудна брановидна длабнатинка како кожата да ѝ станала пластифицирана, а потоа таа ја стави раката врз моите гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На пример, низа брановидни линии можат да претставуваат море или река, а цртежите на луѓе и животни претставуваат нивни „живи еквиваленти”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Огледалото беше во форма на издолжен четириаголник, обвиткано од сите страни со чисто брановидно сребро, филигрански обработено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И животот на Миха потече, би се рекло, по една брановидна рамнина, без напорни угорници, но и без ненадејни низдолници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Брановидно се движеше, со движење кај кое деловите на еластичната средина трепереа, токму поради насоката на простирањето, воздушното пореметување.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Бараш утеха во подвижните прегратки, ш’шкавите симулации, брановидните форми, кадите и леѓените. перничињата на прстите се набираат, твоите се лутат, сонцето пече, но ти тврдоглаво го протнуваш телото низ гумениот обрач, и се фрлаш во базенот, ја потврдуваш акватската теорија: кожата ти е мазна ко на делфин, под кожата имаш сало и си се родил обвиткан во Vernix caseosa, поблиски ти се морските цицачи отколку некаков влакнест, копнен мајмун.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Како да испарила секоја капка животен елан и се тетерави на брановидните ветровити патишта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас, се разбира, како божем не забележувам, си ѕенѕав на музиката во бавен и брановиден ритам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Длабоко во себе Снеже при самиот допир на оваа млада дама почувствува брановидна топлина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)