безумие ср.
безумство ср.

безумие (ср.)

Второ значење на идиотизмот: безумие кое достига до патологија, незрелост која достига до лудило.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Безумие, безумие, безумие ! помисли повторно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Безумие, безумие, му повторуваше срцето: свесно, неоправдано, самоубиствено безумие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако си граматик или сказник, писател ако си, и ако ја напишеш првата реченица точно, тогаш си постапил како вешт ловец кој добро нанишанил пред да ја пушти својата оптегната стрела во пленот свој; ако не, безумие во сочинението настанува, и сите подоцна родени зборови, гласови и букви се залудни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека солунските динамитари со гордост му покажуваа на светот дека Македонецот знае да умира, ние одново го чувме целиот угледен печат, сите најголеми министри и политички луге како во еден глас викаат дека со своето безумие и жестоко однесување овие разбојници засекогаш ја дискредитираа својата македонска кауза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Последниве саат-два (му се чинеше дека толку време поминало од моментот кога се разбуди во овој чекор) го потсетија дека тој овде е дел на едно безумие што секогаш значи војна, без разлика како го нарекуваат или како би го нарекле некои други .
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тука, следени со инструменталните арлаукања на оркестарот „Критериум“ и неговите три пејачки, кои како митски магбетовски наречници завиваа околу нас, ги жртвувавме последните денови на нашата младост, положена на олтарот на нашето безумие.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сѐ нешто фали у човека поредокот е порозен престапи пробиваат растројство и безумие завера и чудо!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сокриена сензуалност Рафинирана еруптивност Во звуците на една џез мелодија Се раѓа, умира и воскреснува Сака да направи пресврт Во животите на оние како нас Кои зачмаеле во монотонија Во меланхолија Во безидејност Во безцел Во бездејство Во безумие Во безбоштво Во бесмисленост Во безживотност Во бессознание Во бескрупулозност Секој во својата несовршеност Продолжува да верува дека Работи Создава Љуби Постои Зачекорен со наведната глава Не подзапирајќи ни за момент Да се запраша Да погледне Да спознае Една вистина Која не толку длабоко сокриена Искрено чека да ни погледне в очи 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Илјада километри тишина, копнеж и безумие од страст за допир.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)