безглав прид.

безглав (прид.)

Зачкрта железо в железо, како болка протече шумот низ клучалката. „Готово е“, се издолжи безглавата сенка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ние, и гологлави макар, речиси безглаво зазбревтани сме на пат од едно бегајќи, кон друго трчајќи, сѐ така...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Безглавото бегство на луѓето, гладните крикови на птиците, неподвижната слика на утрото, покосените деца во дворот, вошките, мртвата вода, занемениот воздух, сувиот ветар, пожарите - во мене родија нов, сѐ уште невиден страв.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Долу, на плоштадот, црните џуџиња безглаво се движат, се мешаат, упаѓаат еден во друг, се двојат – на точно омеѓениот простор на положената дланка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А оние на Осиповиот внук, безглави суштества со деградиран облик, говорници од празна, испарана утроба, скоро секој со глас на стара гусла, докажуваат дека само еден од нив може да е прав: во таинствената соба се крие тоа и тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Бегајте! Бегајте! Бегајте! – грмеа зарипнатите викања на коњаниците кои безглаво и обезумени продолжуваа да го сејат стравот. И се растури и се посеа општ страв.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи